Дома Фудбал Останато ПСЖ конечно победи во САД и тоа со „убавец“ во последните секунди (видео)

ПСЖ конечно победи во САД и тоа со „убавец“ во последните секунди (видео)

psg atletico

Интересен натпревар беше одигран во САД.

Во интересен натпревар од Интернационалниот Куп на шампиони, фудбалерите на Пари Сен Жермен го совладаа Атлетико Мадрид со 3:2.
За Томас Тухел и ПСЖ ова беше прва победа после двата порази на оваа турнеа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Парижаните започнаа добро и стигнаа до предност уште во 32 минута со голот на Кристофер Нкунку.

Предноста ја зголемија во 71 минута со погодокот на Муса Диаби, но потоа Атлетико започна со силни напади.

Таквиот пристап им се исплатеше четири минути подоцна кога Виктор Молјехо најдобро се снајде во гужвата и го матираше противничкиот голман. Избраниците на Диего Симеоне успеаа и да изедначат во 86 минута со несреќниот автогол на Антоан Бернеде.

И кога сите помислија дека овој натпревар ќе биде решен после изведувањето на пенали се појави Виргили Постолачи со убав погодок од дистанца и му донесе победа на ПСЖ во 92 минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…