Дома Топ вести Фановите во делириум, Интер потврди: Кутињо може да се врати!

Фановите во делириум, Интер потврди: Кутињо може да се врати!

Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио потврди дека во иднина во клубот би можел да се врати Филипе Кутињо кој моментално блеска во Ливерул.

Интер сега е во рацете на „Сунинг“, а новите сопственици се спремни да вложат големи средства за да го вратат тимот на врвот на италијанскиот и европскиот фудбал.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Аусилио потврди дека продажбата на Кутињо е најголемото разочарување во неговата кариера и истакна дека новите сопственици имаат финансиска моќ да го вратат Бразилецот во Милано.

„Продажбата на Кутињо е едно од моите најголеми разочарувања за цели 20 години откако сум во Интер. Филипе е фантастичен фудбалер и голем професионалец. Кога се врати од позајмица од Еспањол беше тешка години за сите во Интер не само за него. Сакаше да оди во клуб каде што ќе има поголема минутажа и ние му ја исполнивме желбата“, истакна Аусилио.

„Никогаш немав сомнеж во неговите квалитети. Сега имаме силни соптвеници кои се спрмени да инвестираат и не исклучувам Кутињо еден ден да се врати во Интер. Нашите врати се секогаш отворени за него“, заклули спортскиот директот на „нероаѕурие“.

Кутињо е трансфер мета на многу гиганти ширум Европа, но тој неодамна го продолжи договорот со Ливерпул и се обврза на верност до 2022 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан и Сити го сакаат „новиот Пирло“

Манчестер Сити и Милан се силно заинтересирани за ѕвездата на Торино и италијански репрезе…