Хрватскиот репрезенативец, Анте Ребиќ по одличните игри на Светското првенство се најде на мета на голем број клубови.
Еден од нив е наводно и Манчестер Јунајтед, но од тој трансфер нема да има ништо. Така барем пишуваат британските медиуми кој велат дека Жозе Мурињо проценил дека Ребиќ нема квалитет да биде играч на Јунајтед.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Мурињо по поразот од Ливерпул (1:4), истакна дека на неговиот тим му се потребни уште две засилувања, но дека е големо прашање дали управата на клубот тоа ќе може да го исполни. Потсетуваме, Ребиќ во моментов е член на Ајнтрахт Франкфурт, а претходно настапуваше за Фиорентина, Верона, Лајпциг, Сплит…