Петар Чех во последните денови се поврзуваше со заминување од Арсенал, во дел од медиумите се споменуваше и негово сензационално враќање во Челзи, сепак од тоа нема да има ништо.
Да потсетиме, Арсенал во овој преоден рок го доведе голманот на Баер Леверкузен, Бернд Лено за околу 25 милиони евра, па поради овој трансфер Чех се поврзуваше со заминување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како наредна дестинација освен Челзи се споменуваше и Рома, но сега чешкиот голман потврди дека нема да го напушти „Емирати“.
„Веќе кажав дека сакам тука да останам и да се борам за место во тимот. Ќе го испочитувам мојот договор, доколку некој не ми каже да заминам. Работам напорно секој ден со цел да бидам дел од стартниот тим“, изјави Чех, за „Скај Спорт“.