Дома Фудбал Останато Овој судија немаше ВАР, па мораше сам да се снаоѓа – доби генијална идеја (видео)

Овој судија немаше ВАР, па мораше сам да се снаоѓа – доби генијална идеја (видео)

ВАР во поново време стана вистински хит на натпреварите и сите судии сакаат да го имаат. Но, немаат сите можност да го користат, а еден перуански судија се досети на поинаква верзија на ВАР.

Еден судија од Перу одлучи на поевтин начин да провери една спорна ситуација.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Во натпреварот од перуанскиот куп помеѓу ФК Ретамосо и Аукиато де Пампамарка, еден удар на Џордан Кампос изгледаше како да поминал низ дупката на мрежата. Судија Алберт Алкарон прво го призна голот, но не беше сигурен.

Тогаш Перуанецот доби идеја за одлична импровизација. Имено, покрај теренот стоеше еден фоторепортер па отиде до него и ја погледна спорната ситуација.

На крајот Алакрон потврди дека бил во право и дека ударот на Кампос бил погодок. Но, таа негова одлука немаше влијание на конечниот исход со оглед дека Ретамосо славеше со убедливи 10:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познато кога ќе биде доделена Златната топка за оваа сезона

Европската фудбалска унија (УЕФА) официјално објави дека 69. доделување на Златната топка,…