Eден од деловите на тимот од кој Мурињо не е задоволен е одбраната.
Не успеа со Виктор Линделоф, Ерик Бајли се вклопи нешто подобро, Маркус Рохо само на моменти покажува квалитет, додека Фил Џонс и Смолинг се критични. Поради тоа Мурињо во еден момент покажуваше голем интерес за Леонардо Бонучи, но сега има нова мета – Хари Мегвајер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Можеби и најдобриот англиски стопер во овој момент е спремен да направи чекор напред во својата кариера и да го напушти Лестер, иако во клубот му спремаат значително зголемување на примањата. Сепак, од Островот пристигнува вест дека Мегвајер има желба да се пресели во Јунајтед.
Мурињо е спремен да тргне во офанзиве и според островските медиуми на адреса на Лестер ќе пристигне понуда од 73 милиони евра! Доколку ваквите информации се покажат како точни и
Јунајтед ја плати таа сума, Мегвајер би станал вториот најскап стопер на сите времиња, зад Ван Дијк кој во јануари го засили Ливерпул за 79 милиони евра.
Ќе потсетиме, Лестер го доведе Мегвајер минатото лето за 20 милиони евра од редовите на Хал.