Дома Трансфер зона Oфицијално: Челзи го доведе ветернот помеѓу стативите

Oфицијално: Челзи го доведе ветернот помеѓу стативите

Она што беше најавено утрово доби и официјална потврда, 38 годишниот Роб Грин пристигнува во Челзи како слободен играч.

Грин на „Стенфорд Бриџ“ веројатно би ја имал улогата на трет голман, зад Куртоа и Вили Кабаљеро, но постои и можност да стане втор избор доколку Куртоа го реализира најавуваниот трансфер во Реал Мадрид.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Искусниот голман последниот натпревар го одигра во август 2018 година за Лидс во ЕФЛ Купот, после што премина во Хадерсфилд каде што беше втора опција.

„Размислувате за тоа каде сакате да ја продолжите кариерата и во тој момент добивате телефонски повик од Челзи. Разговорот беше краток, последните 24 часа беа навистина драматични за мене. Среќен сум и чест ми е што добив прилика да бидам дел од Челзи“, изјави Грин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…