Јувентус е во потрага по засилување за левата бековска позија, а шпанските медиуми пренесуваат дека „бјанконерите“ испратиле понуда до Реал Мадрид за услугите на Тео Ернандес.
Иднината на Алекс Сандро во Јувентус е под знак прашалник, па „старата дама“ е во потрага по негова замена. Откако стана јасно дека трансферот на Марсело е „невозможна мисија“, италијанскиот шампион се насочи кон Тео Ернандес.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Марка“ пренесува дека Јувентус испратил понуда и го сака фудбалерот на едногодишна позајмица со право на откуп.
20-годишниот Тео минатото лето пристигна на „Сантиаго Бернабеу“, но остана во сенка на Марсело и запиша за 22 настапи за „кралевите“.
Наводно и самиот фудбалер сака да ја промени средината, па Јувентус е спремен да ја искористи таквата ситуација.
Сега се е во рацете на Реал Мадрид, а последниот збор ќе го има новиот тренер Хулен Лопетеги.