Дома Трансфер зона Официјално: Евертон го доведе најскапото засилување во клупската историја

Официјално: Евертон го доведе најскапото засилување во клупската историја

Oна што беше најавувано вечерва доби и официјална потврда Евертон го доведе своето најскапо засилување во клупската историја!

Ричарлисон од вечерва и официјално е нов фудбалер на „карамелите“.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Бразилецот пристигнува од Вотфорд и потпиша договор на пет години (до јуни 2023 година).

Овој Бразилски напаѓач е првото засилување за новиот стратег на Евертон Маркос Силва.

Toкму Силва го доведе Ричарлисон во Англија во тимот на Вотфорд во август 2017 година од Фламиненсе.

Ричарлисон пристигнува за сума од 40 милиони фунти (44 милиони евра), но со дополнителните бонуси овој трансфер може да достигне вредност од 50 милиони фунти (56 милиони евра), што го прави Ричарлсион најплатен фудбалер во историјата на овој клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…