Македонската младинска репрезентација непријатно изненади со нерешениот резултат против селекцијата на Италија. Натпреварот кој, според квалитетот на двете репрезентации, требаше да биде лесно добиен, на крајот се претвори во трка за еден бод со погодокот на Мице Шилегов во последната минута.
Од самиот почеток на средбата се почувствува дека Македонија денеска ќе има проблем со италијанската репрезентација. Целото прво полувреме мина во израмнета борба, гол за гол, а заврши со минимална предност на нашите младинци, 13:12.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
На почетокот од вториот дел нашите репрезентативци го стекнаа своето највисоко водство, 16:13, но истото брзо го прокоцкаа и веќе во 44. минута предноста мина на страната на нашиот противник, 18:19. Се до крајот на средбата Италијанците имаа водство кое ние со голем напор го следевме, за да во последната минута се спасиме од пораз и целосна бламажа.
Денешниот натпревар е големо предупредување, бидејќи вистинските предизвици не очекуваат во наредните неколку средби, со многу посериозни противници, од кои прва е селекцијата на Швајцарија. За да се пласираме во дивизија “А“, ние мораме да бидеме подобри не само од Швајцарија и од Украина, туку и од селекциите што се натпреваруваат во групата “А“, бидејќи пласман ќе обезбеди само победникот на ЕХФ-шампионатот.
Италија – Македонија 27:27 (12:13)
Македонија: Петковски, Кизиќ, Јагуриновски 7, Димитриоски 2, Андонов, Танкоски 5, Димитровски 1, Стојановски, Шилегов 5, Серафимов, Арсеновски 4, Костески 1, Кукуловски, Петровски 1, Атанасовски и Мишевски 1. Седмерци: 4/6. Исклучувања: 16 минути.