Еден од најпознатите фудбалски агенти, Фали Рамадани денес отпатува во Германија каде ќе работи на трансферот на хрватскиот репрезентативец Анте Ребиќ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ребиќ одигра фантастичен Мундијал и го привлече вниманието на многу европси гиганти, а најсилен интерес за неговиот потпис покажуваат Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед.
Крилниот напаѓач пред неколку месеци беше откупен од страна на Ајнтрахт за скромни 4 милиони евра, а во моментов неговата цена изнесува околу 40-50 милиони евра.
Фаворит за неговиот потпис е Баерн Минхен бидејќи новиот тренер Нико Ковач одлично го познава својот сонародник и сака да го донесе на „Алијанц Арена“.
Фали Рамадани беше во Милано каде посредуваше за трансферот на Ругани од Јувентус во Челзи, а сега отпатува во Германија да го договори трансферот на Ребиќ во Баерн.