Дома Фудбал Англија Легендата на Челзи се врати во клубот: Ќе дадам се од себе, како и кога бев играч

Легендата на Челзи се врати во клубот: Ќе дадам се од себе, како и кога бев играч

zola

Италијанската легенда се врати во клубот и ќе му биде помошник на Маурицио Сари.

Поранешниот фудбалер на лондонскиот клуб, Џанфранко Ѕола, во редовите на „сините“ помина седум години (1996-2003) и постигна 80 погодоци, сега тој ќе биде дел од стручниот штаб и ќе му помага на сонародникот Сари кој неодамна го наследи Антонио Конте.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Одлично е што се вратив во Челзи. Сакам напорно да работам, пред нас се големи предизвици, но верувам дека ќе бидеме успешни. Ќе дадам се од себе како и што тоа го правев кога бев играч“, изјави Ѕола за клупскиот сајт.

Ѕола зад себе има тренерско искуство, ја водеше кадетската репрезентација на Италија, Вест Хем, Вотфорд, Каљари, Ал-Араби и Бирмингем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…