Златко Далиќ има договор со Хрватскиот фудбалски сојуз на уште две години, според кој заработува половина милион евра годишно.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Хрватскиот фудбалски сојуз наводно е подготвен да му понуди подобар договор, со кој би заработувал еден милион евра годишно и така ќе стане најплатениот хрватски селектор во историјата.
Сепак, Далиќ има понуди од Кина, каде што му нудат дури пет милиони долари годишно и соработка на три години.
Ако ја прифати понудата од Азија ќе биде најплатениот хрватски тренер во историјата, но Далиќ сака да остане да работи во Европа.