Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Скромниот Канте: Ако не беше Нзози, немаше да го „види“ трофејот (видео)

Скромниот Канте: Ако не беше Нзози, немаше да го „види“ трофејот (видео)

kante

Н’Голо Канте полека прераснува во многу поразлична фудбалска ѕвезда од сите останати.

Канте е човек кој не сака да се истакнува во преден план иако е еден од клучните играчи и поради неговата скромност едвај го доби трофејот во свои раце.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој фудбалер познат како голем работник, но и подеднакво добар и скромен човек. Веќе пишувавме дека на тренинзите за разлика од неговите колеги кои возат екстремно скапи „играчки“, тој доаѓа со Мини Купер.

Неговата скромност оди толку далеку што вчера во текот на прославата на титулата светски шампион Стивен Н’Зози го бараше пехарот од Флорија Туван за да му го даде на Канте, бидејќи тој само мирно стоеше на страна и не покажуваше преголема желба.

Сите останати едвај чекаа да го добијат трофејот во свои раце за да позираат и да се пофалат на друштвените мрежи, но Канте знае дека тоа е најмалку важно. Некаде внатре во него се наоѓаат вистинските вредности.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…