Дома Топ вести Нова „бомба“ на Мендеш: Го носи Ди Марија во Интер

Нова „бомба“ на Мендеш: Го носи Ди Марија во Интер

Анхел ди Марија е на излезна врата од Пари Сент Жермен, а неговиот агент Жорге Мендеш работи да го донесе Аргентинецот во Серија А.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, португалскиот супер-агент започнал преговори со Интер и прави се што е во негова моќ да го донесе Ди Марија на „Џузепе Меаца“.

Италијанските медиуми тврдат дека трансферот на Ди Марија зависи од продажбата на Жоао Марио. За португалскиот репрезентативец нема место во Интер, а „нероаѕурите“ сакаат со неговата продажба да го финансираат трансферот на Ди Марија.

За Жоа Марио интерес покажуваат неколку клубови од Премиер лигата, пред се Вулверхемптон, а олеснителна околност е што Жорге Мендеш е агент на двајцата фудбалери, па веќе ја започнал операцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…