Дома Топ вести Јувентус одби трампа Мората – Игуаин

Јувентус одби трампа Мората – Игуаин

Раководството на Челзи има сериозна намера да го донесе во своите редови Гонзало Игуаин и веќе работи на трансферот.

Игуаин е големата трансфер желба на новиот тренер Маурицио Сари, а „сините“ сакаат по секоја цена да му ја исполнат желбата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека Челзи ја испратил првата понуда до Торино и за возврат на потписот на Игуаин го понудил Алваро Мората. Меѓутоа „бјанконерите“ експресно ја отфрлиле понудата.

Не е тајна дека Јувентус го стави на трансфер пазарот Игуаин после пристигнувањето на Роналдо, но италијанскиот клуб сака само кеш за неговата слобода.

Имено, Јувентус е спремен да го пушти Игуаин доколку пристигне понуда од 55 милиони евра, сума која „најверојатно“ сините ќе се согласат да ја платат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…