Дома Фудбал Неверојатно: Еден фудбалер никогаш не загубил натпревар во дресот на Франција

Неверојатно: Еден фудбалер никогаш не загубил натпревар во дресот на Франција

Можеби звучи неверојатно, но еден од фудбалерите кој го освои насловот првак на светот со селекцијата на Франција, никогаш не загубил натпревар во дресот на оваа репрезентација.

Се работи за дефанзивецот на Штутгарт Бенџамин Павард. Тој на изненадување се најде во финалниот список на Дешамп и одигра феноменално на позицијата десен бек.

Настапи на сите натпревари на СП, а вкупно за националниот дрес на Франција во сите категории одигра 31 натпревар.

Тргна од У19 селекцијата и стигна до А тимот. Никогаш со спуштена глава не го напуштил теренот, што секако е импресивен податок.

После титулата првак на светот Павард сигурно ќе има богати понуди, а неговата цена драстично се зголеми.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од пехар до борба за опстанок: Кристал Палас плаќа скапо за големата распродажба

Три порази по ред, без постигнат гол и со девет примени: кризата на Палас не е само тренер…