Дома Фудбал Путин ја предаде „фудбалската топка“ на шеикот Ал-Тани

Путин ја предаде „фудбалската топка“ на шеикот Ал-Тани

Рускиот претседател Владимир Путин денес и формално ја предаде должноста домаќин на наредното Светско првенство.

Пред почетокот на денешното финале во Москва, Путин се сретна со шеикот Ал-Тани и претседателот на Светската фудбалска федерација, Џани Инфантино.

„Светското првенство во Русија беше успешно и сигурен сум дека нашите пријатели од Катар ќе успеат да организараат Мундијал на истото ниво“, изјави Путин.

Путин фудбалската топка му ја предаде Инфантино, кој потоа му ја додели на Ал-Тани.

„Светското првенство ќе биде голем настан за сите во нашата земја“, изјави шеикот.

Да потсетиме Мундијалот во Катар ќе се игра за четири години, но во поинаков термин, од 21 ноември до 18 декември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Старите навики го издадоа Хендерсон: Бараше пенал против сопствениот тим?

Поранешниот капитен на Ливерпул се врати на „Енфилд“ во дресот на Челси, но еден негов пот…