Дома Топ вести Абрамович на Перез му понуди трампа за која ќе се зборува со години!

Абрамович на Перез му понуди трампа за која ќе се зборува со години!

Англиските медиуми пренесуваат дека Роман Абрамович му понудил интересна трампа на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Познато е дека Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за Тибо Куртоа, а „сините“ наводно се спремни да го дадат својот голман, но само доколку во замена го добијат напаѓачот Алваро Мората.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми тврдат дека сопственикот на Челзи веќе ја испратил понудата, па сега се чека одговор од „кралскиот“ клуб.

Со оглед на фактот дека постои диспропорција на вредностите на двајцата фудбалери, Мората е проценет на околу 70 милиони евра, а Куртоа вреди 40 милиони, па поради тоа Челзи е спремен да доплати во кеш или со уште еден играч.

Тој играч би можел да биде Диего Коста кој следното лето ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“, иако е малку веројатно дека Реал ќе прифати да го донесе натурализираниот Шпанец.

Во целата трансфер операција би можел да биде вклучен и Кејлор Навас, кој доколку пристигне Куртоа сигурно ќе си замине од Мадрид, а на „Стенфорд Бриџ“ во него гледаат идеална замена за Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Рабио се сели во Премиер лигата

Манчестер Јунајтед и Њукасл покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Јувентус и фра…