Дома Фудбал Гризман со брутален одговор за Куртоа: Ти зборуваш за антифудбал, а играш во Челзи!?

Гризман со брутален одговор за Куртоа: Ти зборуваш за антифудбал, а играш во Челзи!?

Францускиот репрезентативец Антоан Гризман му одговори на белгискиот голман Тибо Куртоа кој после поразот во полуфиналето ги обвини „триколорите“ дека играат антифудбал.

На Куртоа му сметало тоа што Французите после постигнатиот гол од корнер играле само одбрана.

„Дали Куртоа мисли дека во дресот на Челзи игра во стилот на Барселона? Воопшто не ме интересира како, само сакам да ставиме втора ѕвезда на дресот“, кратко и јасно прокоментира Гризман.

Куртоа играше во Атлетико Мадрид каде што сега игра Гризман, а и таму тренерот Диего Симеоне е познат по дефанзивниот стил на игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…