Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Ловрен: Време е да им вратиме!

Ловрен: Време е да им вратиме!

Стоперот на Хрватска Дејан Ловрен го прокоментира пласманот на неговата репрезентација во финалето каде што ќе играат против Франција.

Дефанзивецот на Ливерпул, пред нешто помалку од два месеци играше во финалето од Лигата на шампионите, а сега со Хрватска ќе се бори за највредниот трофеј.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„После натпреварот кажав дека имам добро чуство. Некои ме исмејуваа, но сега сме тука каде што сме. Пред Англија зборуваа дека сме уморни, но им покажавме дек грешат. Клучот е во менталитетот. Ние Хрватите поминавме многу, вклучувајќи и војна, а и сега имам многу проблеми во државата, но неверојатно е тоа колку имаме талентирани спортисти. Не само фудбалери туку, кошаркаркари, ракометари, тенисери, ватерполисти…Очигледно имаме добри родители“.

„Се сеќавам како мојата мајка плачеше после натпреварот против Франција во 1998, сите се прашуваа од каде се појави Турам. Сега имаме прилика да им се одмаздиме, но ќе биде тешко. Французите се фантастични, Мбапе е неверојатно брз, но фудбалот е непредвлив“, изјави Ловрен.

Финалето помеѓу Хрватска и Франција се игра во недела со почеток во 17:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…