Дома Фудбал Самиот си избра: Место да пишува историја, сега игра билјард (фото)

Самиот си избра: Место да пишува историја, сега игра билјард (фото)

Можеше денес да биде еден од хероите, но тој самиот избра нешто друго….

Никола Калиниќ одби да влезе во игра на местото на Марио Манџукиќ во 84 минута против Нигерија наведувајќи како причина болка во грбот.

Селекторот, Златко Далиќ не сакаше да толерира такво однесување и се одлучи да го исфрли од репрезентацијата.

Хрватскиот селектор пред патувањето во Русија порача дека сите во хрватскиот табор мораат да го „спуштат своето его“, Калиниќ не успеа во тоа и сега може само да жали.

Денес најголемиот трагичар на Мундијалот ја објави својата прва фотографија од кога не е дел од селекцијата на Хрватска.

Се припрема со Милан и игра билјард, а можеше да биде дел од историски успех…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…