Дома Фудбал Варан објави фотографија од годината кога Франција стана светски шампион

Варан објави фотографија од годината кога Франција стана светски шампион

Францускиот репрезентативец и член на Реал Мадрид, Рафаел Варан за два дена ќе го игра еден од најголемите натпревари во својата кариерата – финалето на Светското првенство.

Варан секако со нетрпение го очекува големиот натпревар, а на својот Твитер профил објави фотографија од 1998 година.

Тогаш Французите прв и последен пат станаа светски шампиони кога во финалето во Париз го победија Бразил со 3:0.

Стоперот на „Галските петли“ тогаш имаше само пет години, а неговата фотографија од детството предизвика голем број коментари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два поништени гола и непробојна Фалк: Челси запрен во Шведска

Фудбалерките на Челси доминираа против Хекен, но останаа без погодок и одиграа 0-0 во Лига…