Италијанскиот фудбалски гигант Милан од денес има нов претседател, а тоа е 71-годишниот Паоло Саркони кој доаѓа на местото на Јанхонг Ли.
Милан ја промени сопственичката структура и од вчера е во рацете на американскиот фонд „Елиот“, кој денес именуваше нов претседател.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Саркони е роден во Виченца, станува збор за искусен менаџер, кој беше директор на една од најголемите нафтени компании во светот „Ени“.
Интересно е што Саркони кон крајот на 90-те години беше претседател на Виченца и има искуство од водење на фудбалски клуб.
Тој е многу близок до „Елиот“, па денес и официјално ќе биде поставен за нов претседател, а ќе бидат сменети и тројцата Кинези од управниот одбор на клубот.