Во интервју направено за порталот „Balkan-Handball“, искусниот чувар на мрежата зборуваше за моменталната ситуација во репрезентацијата и шансата да се обезбеди пласман на Олимписките игри во Токио 2020 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Моментално играме на едно ниво кое ретко го достигнуваат некои репрезентации. Често сме дел од големите натпреварувања и на некој начин покажуваме стабилност. Сега со Раул се обидуваме да го прошириме ростерот за уште поубава иднина за македонскиот ракомет. Најважно се пласираме на големите турнири и понекогаш им правиме проблеми и на големите репрезентации. Можеби немаме екстра резултати, но секогаш сме противник за респект.

Ја поминавме таа „детска болест“ со елиминацијата во квалификациите на Олимписките игри во Рио со пласманот на повеќе големи натпреварувања. Но, од тоа многу научивме и мислам дека следната шанса за Токио нема така лесно да ја испуштиме. Во животот како и во ракометот мора да се поминат одреден број на чекори за да се стигне до одредена цел. Имаше големо разочарување, но кај нас во Македонија така лесно не се остава репрезентацијата“ , рече Борко за „Balkan-Handball“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

ЕХФ ѝ додели организација на Македонија на ЕП до 18 години!

Македонија доби уште една значајна организација на големо ракометно натпреварување, откако…