Јувентус испрати своевиден ултиматум до Реал Мадрид кој гласи – трансферот на Роналдо најдоцна за седум дена или се откажуваме.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во Италија се појави информација кога Португалецот би требало да стигне во Торино, а изгледа во позадина на целата приказна е овој ултиматум на управата на тимот од Торино.
Јувентус се договори со Роналдо околу финансиските услови кои се астрономски за условите на Италијанците – 120 милиони евра за четири години.
Сепак, претседателот на кралскиот клуб, Флорентино Перез е тој кој ја закочува целата работа, бидејќи сака да извлече или признание од Роналдо дека негова желба е да замине или повеќе пари од италијанскиот шампион.
Се наведува дури и дека Јувентус ќе се насочи кон други решенија доколку за седум дена не се постигне договор.