Дома Трансфер зона Атлетико доведе поранешен голман на Реал Мадрид

Атлетико доведе поранешен голман на Реал Мадрид

adan

Поранешниот голман на Реал Мадрид пристигна кај Симеоне.

Атлетико Мадрид го доведе и четвртото засилување!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Искусниот голман кој изминатата сезона ја помина во Реал Бетис, Антонио Адан ќе потпише договор до 2021 година. Тој доаѓа како достојна замена за Јан Облак и ќе брани во куп натпреварите или пак кога на Словенецот, Облак ќе му биде потребен одмор.

Адан е дете на Реал Мадрид каде што ги помина сите селекции стигна и до првиот тим каде што помина три години и беше алтернатива на тогаш незаменливиот Икер Касиљас, клубот го напушти во 2014 година кога премина во Каљари. Таму бранеше само пола сезона, потоа следуваше трансфер во Бетис каде што четири ипол години беше стандарден и беше одличен, посебно изминатата сезона.

Пред Адан, Атлетико за 70 милиони евра го доведе Тома Лемар од Монаkо, за 20 Родриго од Виљареал и за 2.5 милиони младиот Неухано Перез од Аргентина. Заминаа само ветераните Торес и Габи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Брајтон не го сака, а во Барселона е „вишок“: Дали овој клуб е наредна дестинација на Ансу Фати?

Ансу Фати нема да остане во Брајтон по едногодишна позајмица, но за него веројатно нема ме…