Дома Останати Агаси: Ѓоковиќ поради исхраната немаше ни сила, ни енергија

Агаси: Ѓоковиќ поради исхраната немаше ни сила, ни енергија

Легендарниот Андре Агаси откри дека една од причините да ја заврши соработката со Новак Ѓоковиќ е фактот што српскиот тенисер не ги слушал неговите совети.

Агаси во интервју за британскиот „Гардијан“, изнесе некои детали од соработката со Новак Ѓоковиќ.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


„Откако ја започнавме соработката имаше проблеми со лактот. Имаше надеж дека ќе се опорави без операција, но јас му кажав дека не верувам во тоа. Не може само да одмараш и да помине повредата, понекогаш треба да донесеш важни одлуки“, открива Агаси.

Американецот смета дека исхраната на српскиот тенисер влијаела на тоа поспоро да се опорави.

„Немаше сила ниту енергија, но тоа е нешто што тој самиот требаше да го открие. Отсекогаш верував во тренингот за сила, секогаш верував во здрава исхрана и квалитетот на протиенинот во исхраната. Со години работеше по негово“, додаде Агаси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ова се двајцата потенцијални нови тренери на Алкараз: Едниот играл 21 пат против Ѓоковиќ, другиот бил прв во светот

По објавата дека Хуан Карлос Фереро веќе не е тренер на Карлос Алкараз, многу тениски експ…