Актуелниот германски шампион Баерн Минхен е силно заинтересиран за францускиот репрезентативец Бенџамен Павар, кој моментално настапува за Штутгарт.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
22-годишниот Павар кој може да игра како централен дефанзивец или како десен бек, запиша 36 натпревари за Штутгарт во Бундес лигата минатата сезона.
Павар е едно од откритијата на Франција на ова Светско првенство, па многу европски гиганти се заинтересирани да го донесат во своите редови.
Од Штутгарт категорично одбиваат да преговараат за продажба на играчот, но Баварците се подготвени да почекаат кога неговата откупна клаузула во договорот ќе стане активна за 35 милиони евра.
Павар запиша три учества по 90 минути за Франција на СП 2018 како десен бек, а притоа постигна фантастичен гол во осминафиналето против Аргентина.