Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Модриќ: Цел ден се подготвував, не знам како промашив

Модриќ: Цел ден се подготвував, не знам како промашив

Капитенот на Хрватска, Лука Модриќ за малку ќе беше трагичар за својот тим, откако не успеа во судиското продолжение да реализира пенал.

Модриќ во 117 минута не успеа да го совлада Шмајхел од белата точка, но на крајот тоа не се покажа како фатално бидејќи Хрватска се пласираше во четвртфинале.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


„Беше многу топло и многу тешко за игра. Не знам како го промашив пеналот, со оглед на тоа дека цело утро се подготвував како да му дадам гол на Шмајхел“, изјави Модриќ.

„Беше премногу топло и ни беше тешко да трчаме по теренот, но се справивме добро. Можевме да го решиме натпреварот и порано, но сега најважно е тоа што се пласиравме во четвртфиналето. Можеше да се помине и без целиот трилер на крајот, но дојдовме до она што го сакавме“, додаде капитенот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Србија елиминирана, Словенија во осминафинале

Двата натпревари во Групата Ц завршија без голови, па крајниот исход е таков што Србија ка…