Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Сампаоли дополнително ќе ги разбесни Аргентинците: Немам намера да заминам

Сампаоли дополнително ќе ги разбесни Аргентинците: Немам намера да заминам

Селекторот на Аргентина, Жорге Сампаоли, излезе пред медиумите после елиминацијата од Франција на Мундијалот во Русија.

„Гаучосите“ загубија во фантастичен натпревар против Франција со резултат 4:3, а и покрај очајните настапи, во групната фаза Сампаоли нема намера да си замине од селекторската функција.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Се уште е рано за било какви анализи, но немам намера да заминам“, соопшти Самполи и продолжи:

„Болно е да бидете елиминирани од Светското првенство, посебно кога ќе знаете дека играчите дале се од себе на теренот. Дадовме се од себе верувавме дека можеме да поминеме, но на крајот не успеавме“.

Сампаоли смета дека овој пораз ќе го направи подобар тренер.

„Ова ќе ме направи подобар тренер. Дојдов со големи амбиции, верував дека можеме да го освоиме Мундијалот и навистина сум фрустриран“, заврши Сампаоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…