Раководството на Интер постигна договор со Галатасарај за продажба на јапонскиот репрезентативец Јуто Нагатомо, пренесуваат италијанските медиуми.
Нагатомо минатата сезона играше во Галатасарај како позајмен фудбалер, но турскиот клуб беше задоволен па реши да го откупи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нероауирите“ ќе добијат 3 милиони евра за слободата на Нагатомо, кој игра одлично на Мундијалот во Русија. Неговата Јапонија се пласираше во осминафиналето каде за противник ќе ја има Белгија.
Нагатомо пристигна во Интер во јануари 2011 година и помина цели 7 години во дресот на „нероаѕурите“.