Дома Фудбал Ракитиќ: Ако ја освоиме титулата, сите можеме да се простиме од репрезентацијата

Ракитиќ: Ако ја освоиме титулата, сите можеме да се простиме од репрезентацијата

Според многумина во фудбалскиот свет, Хрватска на Мундијалот во Русија игра најубав фудбал, а после големата победа над Аргентина цел свет на Хрватите гледа како една од репрезентациите која претендира за највисок дострел.

Хрватска има фантастична генерација и тоа е јасно, а во осминафиналето ќе се сретнат против Данска против која според прикажаното во досегашниот тек на Светското првенство ќе бидат големи фаворити.

Пред овој натпревар на конференцијата за медиуми зборуваше играчот за врска на „Коцкестите“, Иван Ракитиќ.

Ракитиќ потенцираше дека Хрватска во овој момент има одличен тим, како и дека доколку стигнат до светската титула сите мирно можат да се простат од репрезентацијата.

„Не знам дали ова е последно големо натпреварување за оваа генерација, ќе видиме. Ќе се бориме едни за други за секоја топка. Сакаме да одиме чекор по чекор, прво тука е Данска, сите сакаме да го продолжиме нашиот пат. Ако на крајот го подигнеме трофејот, сите можеме мирно да се простиме од репрезентацијата“, изјави Ракитиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата на Пелистер до сениорски повик: Исмаили во составот на Албанија

Усни Исмаили е единствениот нов фудбалер во албанскиот состав за дуелите со Финска и Белор…