Бразил обезбеди пласман во осминафиналето на СП во Русија. Сепак, Кариоките не го кажале последниот збор зошто се фаворити за пехарот.
Фудбалерот на ПСЖ, Нејмар не импресионираше многу во досегашниот дел од првенството, но затоа тука е неговиот соиграч Фелипе Кутињо.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кутињо за сега е херој на Бразил, а на него му тргна од нога да асистира или постигне погодок во секој од првите три натпревари на СП.
Фелипе така стана првиот Бразилец после легендарниот Пеле од 1958. година кој успеа директно да учествува во барем еден гол на секој од првите три натпревари на Мундијалот.
Да потсетиме, Кутињо погоди против Швајцарија и Костарика, а беше асистент при погодокот на Паулињо за првиот гол на Бразил против Србија.
Forget Neymar Jr, #BRA have found a new hero ?????? pic.twitter.com/CEwKIDYi4B
— 101 Great Goals (@101greatgoals) June 28, 2018