Дома Трансфер зона Изненадување: Халиловиќ на прегледи во Милано!

Изненадување: Халиловиќ на прегледи во Милано!

Во денот кога главна вест во фудбалска Европа беше казната која УЕФА му ја изрече на Милан, спортскиот директор на „росонерите“ договори изненадувачки трансфер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, хрватскиот репрезентативец Ален Хилиловиќ денес пристигна во Милано на лекарски прегледи и се очекува да потпише тригодишен договор со миланскиот гигант.

Халиловиќ, кој важеше за еден од најголемите хрватски таленти моментално е член на Хамбургер, а последната година ја помина на позајмица во Лас Палмас.

Талентираниот Хрват веќе постигна договор со Милан, а интересно е дека сите детали од трансферот ќе бидат дури откако Халиловиќ ќе ги помине лекарските прегледи.

Фудбалерот во голема тајност денес пристигна во Милано, па откако ќе ги помине лекарските прегледи се очекува да потпише 3-годишен договор со „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…