Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Ибрахимовиќ за прв пат во јавноста се огласи за настапот на Шведска на Мундијалот

Ибрахимовиќ за прв пат во јавноста се огласи за настапот на Шведска на Мундијалот

Поранешниот шведски репрезентативец, Златан Ибрахимовиќ денес го прокоментира настапот на Шведска на Светското првенство во Русија, изјавувајќи дека тој би одиграл подобар натпревар од своите сонародници.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шведска во првото коло славеше против Јужна Кореја со резултат 1:0, а потоа во второто коло запиша пораз од Германија со 2:1 и во последното коло во кое ќе игра против Мексико се уште има шанси за 1/8 финале.

Поранешниот капитен на репрезнтацијата, Златан Ибрахимовиќ даде контроверзен одговор на прашањето на новинарите дали му е тешко да ја гледа Шведска без него Мундијалот.

„На почетокот, првите натпревари се различни, бидејќи јас чуствував дека можам да одиграм подобро и понатаму го чуствувам тоа. Меѓутоа доаѓа момент кога ќе си кажеш пушти ги да уживаат затоа што ас не бев добро дочекан од местото од кое доаѓам. Бев поинаков, мојата историја е поинаква. Поминав низ сите тие работи и станав капитен на својата репрезентација. Не постои поголем успех од тоа“, изјави Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ ја напушти репрезентацијата во 2016 година после Европското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Maрсело Брозовиќ може да направи трансфер каков што никој не очекува

Некогашниот хрватски репрезентативец би можел да се врати на големата сцена во европскиот …