Дома Фудбал Сериозен удар за Ургувај: Еден од најважните играчи го заврши Мундијалот

Сериозен удар за Ургувај: Еден од најважните играчи го заврши Мундијалот

Уругвај и Португалија го играат натпреварот од 1/8 финалето, а селекцијата од јужноамериканскиот континент ќе влезе прилично ослабена во тој натпревар.

Проблем за селекторот на Уругвај пред саботниот натпревар против Португалија во Сочи.

Натпреварот од 1/8 финалето сигурно ќе го пропушти Хозе Марија Хименез кој има проблем со квадрицепсот и без разлика до каде ќе оди неговата репрезентација, за него овој Мундијал е завршен.

Фудбалерот на Атлетико Мадрид го пропушти натпреварот против Русија, а ова секако се непосакувани вести за целата нација.

Но, она што може да ги радува Уругвајците е што оваа селекција токму против Русија покажа дека е одличен тим и без него.

Да потсетиме, Хименез беше стрелец за Уругвај во натпреварот кој оваа селекција го доби со 1:0 против Египет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тага во хрватскиот фудбал: Почина 23-годишниот Ковачевиќ, ден претходно беше на терен

Ариан Ковачевиќ настапи во победата на Раднички од 4:0 против Белје, а следниот ден клубот…