Македонската ракометна репрезентација денеска ги доби противниците за СП 2019. Нашата селекција за противници во групата ги доби Шпанија, Хрватска, Исланд, Бахреин и Јапонија, а капитенот Лазаров истакна дека немавме многу среќа при денешната ждрепка.
„Според мене немавме многу среќа во ждрепката. Добивме квалитетни и незгодни репрезентации од Европа, со кои ќе водиме битка за следната рунда. Доколку не го прошириме нашиот ростер со квалитетни играчи кои ќе поделат квалитетна минутажа и одговорност, не можам да бидам голем оптимист. Уште повеќе ме загрижуваат слабите игри на „медитеранците“ и поразите од Турција и од Египет, а во таа селекција имаме седум репрезентативци од А тимот. Како и да е, ние ќе сториме се за да се подготвиме квалитетно и да го дадеме максимумот и на овој светски шампионат.“ – изјави Кире по ждребот.