Денес на натпреварот помеѓу Египет и Саудиска Арабија ќе на терен истрча најсториот играч некогаш виден на едно Светско првенство.
Рекордот е срушен!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Есам Ел-Хадари денес ќе стане најстариот фудбалер кој некогаш настапил на мундијалите. Тој ќе го брани голот на Египет со 45 години и пет месеци бидејќи е најавен како стартер за натпреварот против Саудиска Арабија.
Овој голман репрезнетативната кариера ја започна во 1996 година, а професионалец стана уште во далечната 1993 година кога голем број фудбалери кои денес учестуваат на Мундијалот не биле ниту родени.
За селекцијата на Египет одигра 152 натпревари, денешниот натпревар ќе биде негов 153.
Рекордот претходно го држеше Фарид Мондрагон кој на Мундијалот во Бразил настапи со 43 години и три дена.
45 – Essam El-Hadary will become the oldest player ever to appear in a World Cup game (45 years & 5 months). Pharaoh. #SAUEGY #WorldCup pic.twitter.com/YP66B4dK7u
— OptaJean (@OptaJean) June 25, 2018