Порано најавениот Наби Кеита денеска пристигна во Ливерпул, каде ќе ја помине наредната сезона.
Ливерпул го ангажираше Кеита минатото лето за 52 милиони фунти, но поранешниот играч на Лајпциг на Енфилд стигна дури денеска.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул претходната сезона заврши на четвртото место на табелата во ПЛ, но нивната сезона ќе остане запамтена по финалето во ЛШ, без разлика на поразот од Реал.
Со доаѓањето на Кеита и претходно на Фабињо од Монако, Црвените го засилија средниот ред, а се уште е во игра можниот трансфер на Фекир од Лион.
Кеита минатата сезона одигра 27 бундеслигашки натпревари и постигна шест погодоци.