Дома Фудбал Останато Модриќ не може да ја освои Златната топка само затоа што е Хрват?

Модриќ не може да ја освои Златната топка само затоа што е Хрват?

Името на Лука Модриќ после големата победа на Хрватска над Аргентина се споменува во сите светски медиуми.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Фантастичниот играч за врска ја предводи Хрватска до одлични резултати на Мундијалот во Русија, каде што на последниот натпревар ја совладаа Аргентина со 3:0.

Многумина најголеми заслуги за оваа голема победа препишуваат токми на Лука Модриќ.

Дека Лука е исклучително почитуван и во соблекувалната на Хрватска зборува и изјавата на Дејан Ловрен кој тврди дека доколку Модриќ би бил Германец или Шпанец сигурно би ја освил Златната топка.

„Одлично е да се игра со Лука, тоа е вистинско уживање. Тој како играч заслужува многу повеќе внимание. Доколку беше во Германец или Шпанец сигурно би бил помеѓу топ 3 играчи во светот. Верувам дека би успеал да ја освои и Златна топка. Сепак, ние сме Хрвати и малку поинаку се гледа на сите нас на Балканот. Лука Модриќ во овој момент е најдобриот играч за врска во светот“, изјави Ловрен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Катастрофални вести за Барселона – никој не очекуваше вакво нешто!

Од Каталонија пристигна информација која го изненади фудбалскиот свет – бразилското крило …