Дома Фудбал Роналдо до Иранците: Оставете ме да спијам…(видео)

Роналдо до Иранците: Оставете ме да спијам…(видео)

Навивачите на иранската репрезентација изминатата ноќ се обиделе да ги вознемират фудбалерите на Португалија со тоа што до доцна во ноќта останеле пред хотелот во кој се сместени Португалците.

Португалската ТВ РТП емитуваше снимка од најголемата ѕвезда на Португалија, Кристиано Роналдо како на прозорот со рацете гестикулира кон иранските навивачите да престанат со бучавата.

Иран и Португалија вечерва од 20:00 часот во Саранск играат одлучувачки натпревар за пласман во 1/8 финалето на Светското првенство. Иран може да помине само доколку слави победа против европскиот шампион.

Навивачите на друштвените мрежи поставија фотографии од пред хотелот со пораки дека се обидувале да ги вознемират Португалците со цел Иран да има поголеми шанси да победи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…