Следната сезона, најверојатно ќе гледаме нова Барселона.
Иконата на каталонската екипа, Иниеста веќе си замина, извесни се заминувањата и на уште многу фудбалери, но и доаѓањето на некои нови. Првото пристигнување е тука.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како што пишуваат шпанските медиуми, вчера Барселона ја активирала откупната клаузула за Клемент Ленглет, стоперот на Севиља. Овој фудбалер зад себе има одлична сезна, беше одличен во сите натпреварувања и беше еден од најзаслужните за успехот на екипата од Андалузија. Тоа ги доведе многу клубови да бидат заинтересирани за неговите услуги, пред се Ливерпул и Атлетико Мадрид, но изгледа дека го имаме победникот од оваа трка.
Агентот на одличниот фудбалер уште претходно ја истакна неговата желба да го носи дресот на Барселона, а ни клубот немаше ништо против. Ленглет навистина е големо засилување за еден од најголемите клуба во светот. Барселона се мачи со стоперите, Пике полека влегува во доцните играчки години, Умтити е се поблиску до заминување, Мина се уште не се вклопи, а за „вечно повредениот“ Вермален нема потреба да се трошат зборови. Ленглет во каталонскиот гигант ќе лгедне како „кец на десетка“.
Вредноста на траснферот изнесува 35 милиони евра, колку што изнесува и неговата откупна клаузула. Навистина скромна сума за денешните услови на траснфер пазарот.