Денешната мундијалска програма беше затворена со натпреварот помеѓу Србија и Швајцарија.
Натпреварот помеѓу Србите и Швајцарците заврши во корист на Швајцарија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Србија рано уште во петата минута успеа да стигне до водство. Митровиќ се закани со глава веднаш на стартот во првиот момент не успеа да погоди, но само неколку моменти подоцна по нафрлувањето од Тадиќ успеа да ја погоди мрежата на Сомер за рано водство.
Во продолжение да гледавме скоро и изедначен натпревар со по некоја шанса и на двете страни.
Иста слика на теренот гледавме и во вториот дел. Но овој пат после седум минути игра Гранит Џака испрати вистински проектил надвор од шеснаесетникот кој заврши зад грбот на Стојковиќ.
По голот на Џака, како што одминуваше времето, Швајцарија беше се повеќе опасна. Кулминацијата Швајцарците ја достигнаа во судиското продолжение кога Џердан Шаќири постигува гол за предност од 1:2.
Оваа поебда на Швајцарците им носи два бода повеќе во однос на Србија, која во последното коло за пласман понатаму има невозможна мисија да го победи еден од првите фаворити за титулата, Бразил. Од друга страна Швајцарија игра против селекцијата која е веќе елиминирана, Костарика и со нерешен резултат обезбедува пласман.
Нерешен резултат со Бразил и одговара на Србија само во случај Швајцарија да изгуби со најмалку 2 гола разлика од Костарика.