Ѕвездата на Рома, Раџа Наинголан проговори за својот трансфер во редовите на Интер кој е пред реализација.
Трансферот на 30-годишниот играч за врска на „Џузепе Меаца“ е веќе договорен, па само прашање на време е кога официјално ќе го облече дресот на Интер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Рома и фановите секогаш ги носам во срцето, но клубот сакаше да ме продаде. Засекогаш ќе го паметам секој миг што го поминав во дресот на Рома. Заминувам откако дадов се од себе и ги бранев боите на „џиаолоросите“ сите овое години“, изјави Наинголан.
„Интер е клубот кој најмногу ме сакаше, повеќе од сите други. Можам само да им благодарам. Среќен сум што повторно ќе работам со Спалети, тој е фантастичен тренер“, изјави Белгиецот.
Интер за неговиот потпис ќе плати 24 милиони евра, плус во Рома ќе ги испрати Сантон и младиот Занеоло.