Дома Фудбал ШОК за Франција: Гризман го напушти тренингот поради повреда!

ШОК за Франција: Гризман го напушти тренингот поради повреда!

Лоши вести доаѓаат од таборот на француската репрезентација. Првата ѕвезда Антоан Гризман го напушти денешниот тренинг поради повреда на зглобот.

Сепак, проблемите на ѕвездата на Атлетико Мадрид не се сериозни и тој се очекува да биде спремен за вториот натпревар од групата против во Перу во четврток.

„Неговиот зглоб е малку отечен по натпреварот со Австралија, но ништо не е загрижувачко“, изјави соиграчот Рафаел Варан по денешниот тренинг.

Крилото Томас Лемар и дефанзивецот Самуел Умтити исто така имаат мали повреди, но шансата да го пропуштат натпреварот со Перу е мала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА не попушти за Паредес: Остануваат десетте меча суспензија

Аргентинската жалба донесе олеснување само за Науел Молина, чија казна е намалена од седум…