Арсенал е блиску до комплетирање на трансферот на голманот на Баер Леверкузен, Бернд Лено, пренесуваат англиските медиуми.
Медиумите на Островот пренесуваат дека двата клуба веќе постигнале договор, па „топџиите“ за германскиот голман ќе платат 22 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бернд Лено ќе биде второ засилување за Арсенал ова лето, откако претходно како слободен агент пристигна десниот бек Стефан Лихштајнер.
26-годишниот Германец минатата сезона беше одличен на голот на „фармацевтите“ и на 10 натпревари ја зачува мрежата, но во последен момент отпадна од списокот за Мундијалот во Русија.