Дома Трансфер зона За Германците нема дилеми: Арсенал има нов голман, цената – 25 милиони евра!

За Германците нема дилеми: Арсенал има нов голман, цената – 25 милиони евра!

Moжеше во Атлетико и Наполи, но го избра Лондон.

Петар Чех влегува во последната година од договорот и веројатно доколку не го напушти Арсенал ќе се пресели на клупата за резерва.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Иден чувар на мрежата на Арсенал, според голем број германски медиуми ќе биде голманот на Баер Леверкузен, Бернд Лено.

Според информациите од Германија, Лено пристигнува во Лондон за сума од 25 милиони евра.

Лено наводно можел да бира, постеше интерес од Атлетико Мадрид, Наполи нудеше 18 милиони евра…Но, младиот голман го избрал Арсенал. Информациите се дека веќе утре овој голман ќе отпатува во Лондон на лекарски прегледи, по што ќе потпише договор на пет сезони.

Бернд Лено во Леверкузен пристигна во 2011 година од Штудграт брзо стана неприкосновен и број еден. Од тој момент за Баер одигра 233 лигашки натпревари. Се најде и на поширокиот список на Јоаким Лев за Мундијалот, но на крајот Лев му даде предност на Кевин Трап.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер купува дефанзивец од „Олд Трафорд“

Приоритет на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец, пренесуваат ит…