Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Тоа е фудбалот: Мароко загуби со автогол на напаѓачот во 95 минута (видео)

Тоа е фудбалот: Мароко загуби со автогол на напаѓачот во 95 минута (видео)

Во натпревар во кој не видовме премногу возбудвања на крајот славеше селекцијата на Иран.

Репрезентацијата на Иран запиша минимална победа против Мароко и тоа со автогол на напаѓачот Бухадуз во последните моменти од натпреварот.
Мароко одлично го отвори натпреварот и беше доминантен во поголемиот дел од првото полувреме.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На стартот од натпреварот Мароко беше подобриот тим и се закани уште во четвртата минута преку Белханда, а најблиску до погодок беа во 19 минута кога играчот на Јувентус, Бенатија не успеа да го совлада одличниот Бејранванда после општиот карамбол во шеснаесетникот.

Во продолжение Иран малку како да се консолидираше и започна да игра нешто подобро.

Азмун после една контра во 43 минута излезе сам пред голот на Мароко, но неговиот удар од непосредна близина го одбрани Мунир.

И во вториот дел работите не се променија многу, Мароко ја имаше иницијативата, но на крајот загубија на несреќен начин со автоголот во 95 минута.

За Иран ова беше само втора победа на светските првенства.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Барселона и Наполи спремаат голема трампа

Квича Кварацхелија беше вистинско откритие на Серија А минатата сезона и го привлече внима…