Французинот ја разочара јавноста на долгоочекуванта конферанција за медиумите.
Конференцијата за медиумите на Франција беше закажана за денес во 14:30 часот и тоа беше случување кое го очекуваше целиот фудбалски свет. Многу светски медиуми во живо ја пренесуваа конференција на која се поајви Антоан Гризман и се очекуваше да ја соопшти конечната одлука: Дали останува во Атлетико или оди во Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гризман претходно најавуваше дека одлуката ќе ја соопшти пред Мундијалот со цел максимално да остане фокусиран на репрезентацијата. Со оглед дека Мундијалот започнува во четврток, салата за конференции денес беше преполна.
Прво излезе Стивен Нзози, но се задржа само неколку минути, даде некои формални договори и сите чекаа да си замине. Кога се појави Гризман настана вистинска бура!
Портпаролот на Французите најави дека пред прашањата Гризман има нешто да соопшти на шпански!
Сите очекуваа тоа да биде одлуката, но на крајот – НИШТО!
„Знам дека сите ова го чекавте, но денес не еденот кога ќе зборувам за мојата иднина“, изјави Гризман и се насмеа….
Во тој момент голем број медиуми го прекинаа пренесот на конференцијата бидејќи и не беа толку заинтересирани да ги слушнат очекувањата на Гризман за Мундијалот.